Судии од Словачка ќе му ја делат правдата на Вардар во Ереван, така одлучи УЕФА. Главен судија на дуелот во Ереван на кој се среќаваат домаќинот Пјуник и нашиот Вардар ќе биде младиот Михал Ожењак од Словачка. Негови помошници ќе му бидат Ворел и Томчиќ, исто така од Словачка.
Се надеваме на фер и коректно судење. Натпреварот ќе биде одигран во четврток од 16.00 часот по македонско време.