Дарко Мицевски беше успешно опериран, после повредата со која се здоби на натпреварот со екипата на Охрид,
Мицевски заработи скршеница на скочниот зглоб, по што мораше да биде опериран, а за капитенот на Вардар сезоната е завршена. Ова е голем хендикеп за тренерот Грнчаров и тимот во продолжение од сезоната, со оглед дека Мицевски беше еден од клучните алки во играта на црвено-црните.
Дарко, се заблагодарува на поддршката и им порачува на сите навивачи на Вардар да останат сплотени и во што поголем број да бидат покрај својот тим, сега кога се најпотребни. На крајот сите заедно ќе се радуваме. Напред Вардар!