Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ќе одигра два контролни натпревари против Грузија на гостински терен. Истите се закажани да се одиграат на 27.02 и 02.03.
Селекторот на оваа млада репрезентација, Дашмир Беари, повика четворица играчи од Вардар. Се работи за Лука Атанасовски, Злате Радески, Филип Смиљков и Емир Шаботиќ.