РК Вардар 1961, утре ќе му гостуваат на Партизан, дуелот се игра во 18-00 часот. За овој меч од СЕХА лигата тренерот Владо Недановски вели:
-Секако овој дуел со Партизан ќе биде поразличен меч од оној во Скопје на почетокот на месецов. Партизан е млад тим кој пред домашна публика игра добро. Ние имавме добра поддршка тука од нашите навивачи, а Партизан малку потклекна пред таа атмосфера. Во Белград сигурно нема да биде така. Сигурно ќе играат поразлично, Ниту тие ниту ние не бевме целосно подготвени тогаш, беше почеток на пролетен дел. И ние одиме на победа во Белград. Ќе ни недостасуваат Милан Лазревски и Борко Ристовски од поискусните, а од помладите во Скопје остануваат Андреј Добрковиќ и Марио Стојановски. Без ралика на противникот и теренот каде се игра Вардар секогаш ја игра својата игра надополнета со некои нови работи. Задоволсто ми е дека новите играчи се веќе целосно вклопени во новиот систем.- изјави Недановски.
-Имавме сериозни анализи за овој меч, и секако сакаме да победиме во Белград. Треба да бидеме подобри во одбраната. Минатиот пат токму одбраната ни беше проблем.
Формата сега ни е на подобро ниво, и поподготвени сме во однос на првиот меч. Можно е Партизан да игра и нешто поразлично, но секако ќе бидеме подготвени за се, изјави Ален Ќосевски.