Wednesday ,09 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Преглед на 17.коло во ВМФЛ, победи за екипите кои се борат за влез во најсилната македонска лига
Преглед на 17.коло во ВМФЛ, победи за екипите кои се борат за влез во најсилната македонска лига

Преглед на 17.коло во ВМФЛ, победи за екипите кои се борат за влез во најсилната македонска лига

Изминатиов викенд се одигра 17.коло во ВМФЛ, во кое до победи дојдоа екипите кои се борат за пласман во ПМФЛ. До три бода, дојде Вардар на гостувањето кај екипата на Охрид, но победи славеа и екипите на Гостивар, Воска и Пелистер.

Комплетни резултати од 17.коло:

Беса – Пелистер  1:2

Каменица Саса – Гостивар  0:3

Локомотива – Воска Спорт  1:2

Караорман – Слога  2:0

Борец – Беласица  0:1

Детонит – Тетекс  1:0

Охрид – Вардар  0:1

Аресими – Кожув  2:1

На табелата, Гостивар останува на првото место со 43 освоени бодови, пред Вардар и Воска кои имаат по 40, додека Пелистер е на 4.место со 36 бодови. Во следното коло, Вардар на домашен терен го пречекува тимот на Детонит.