Дарко Мицевски ги кажаа своите мислења пред натпреварот во првото квалификациско коло од Лигата на Европа против Пјуник. Играчот од средината на теренот смета дека со поволен резултат уште во Ереван, ќе бидат многу блиску до следната фаза нашиот тим. За Мицевски ова ќе биде деби настап во црвено – црниот дрес на официјален натпревар.
ДАРКО МИЦЕВСКИ:
„По ланскиот успех на Вардар, имаме обврска да се покажеме во светло издание во оваа сезона. Мислам дека добро се подготвивме во Словенија, како и во Скопје. Новите играчи меѓу кои сум и јас добро сме прифатени, сметам дека се воигравме, и подготвени сме за предизвикот Пјуник. Во поновиот фудбал нема наивни екипи и лесни противници, така гледаме и на нашиот следен ривал. Ерменците се предизвик, но мора Вардар да го мине првото коло. Треба да извлечеме поволен резултат и да се вратиме без пораз од Ерменија. Дури и ако ни се укаже шанса и да победиме, за да си го олесниме реваншот во Скопје“.