Помошникот тренер на Вардар Александар Васоски и голманот Филип Гачевски ги кажаа своите мислења пред натпреварот во првото квалификациско коло од Лигата на Европа.
АЛЕКСАНДАР ВАСОСКИ (АСИСТЕНТ ТРЕНЕР):
„Најважно е да не загубиме на првиот натпревар на гостински терен. Нерешено со даден гол е поволен резултат. Одигравме добро на подготовките, но вртиме нов лист, затоа што пријателски меч не е ист со ваков натпревар. Сега имаме и поголем притисок затоа што игравме во групна фаза минатата сезона. Имаме реални шанси да го минеме Пјуник, но не смееме да мислиме дека ќе биде лесно. Имаат нов тренер и имаат неколку нови играчи од руското и украинското првенство. Се освен пласман во втората рунда за нас би бил неуспех. Ги анализиравме добро, ги знаеме нивните слаби и силни страни. Се надевам дека ќе ги искористиме сите слабости. Веќе ги гледавме и ќе ја постивме екипата според нивната игра, и се надеваме дека за нас ќе биде позитивно ова гостување во Ерменија“.
ФИЛИП ГАЧЕВСКИ:
„Минатата година направивме најголем успех во македонскиот фудбал, а оваа година вртиме нова страница. Речиси цел тим се нови играчи и наша цел е да го минеме Пјуник. Наша најголема цел е на гостувањето во Ерменија да дадеме гол и на реваншот да победиме и да се пласираме во следната фаза Сите играчи и тренери и стручен штаб сме свесни дека ланскиот успех не ни игра улога во овој момент. Гледавме видеоанализи од противникот, се работи за добар тим. Сеедно ако минатата година заврши на петтото место во Ерменија. Подготвени сме и ќе го дадеме нашиот максимум да успееме“