По неколку натпревари пауза поради повреда во тимот на ФК Вардар се враќа дефанзивецот од Црна Гора Немања Мијушковиќ. Вчера на тренингот на ФК Вардар, на кој присуствуваше и Вардар фанс, Мијушковиќ го одбработи целиот тренинг заедно се екипата што значи дека е подготвен да им помогне на играчите на денешниот меч во Кратово доколку добие шанса од тренерот Седлоски.
Инаку вчера ФК Вардар одработи тренинг во 16 часот во својата база во Хиподром, на кој екипата се подготвуваше за денешниот натпревар против кратовски Силекс, кој започнува во 16 часот.