Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > По крунисување во Кратово
По крунисување во Кратово

По крунисување во Кратово

Денеска на програмата е ново, 29 коло во ПМФЛ. Нашиот црвено – црн фудбалски шампион од 16 часот му гостува на кратовски Силекс. На овој натпревар нашите момци заминаа со една цел, победа и  крунисување на шампионската титула број десет. Вардарци на вчерашниот тренинг, на кој присуствувавме и ние, внимателно и во одлична атмосфера го одработи последниот тренинг пред заминувањето за Кратово. На тренингот можеше да се забележат насмеани и позитивни лица помеѓу соиграчите, но како и да не бидат кога се на само еден чекор до нова титула.
20

Тимот кој победува не се менува, па така и на овој натпревар нашите момци би требало да започнат во идентичен состав како и на дерби натпреварот против Шкендија. Постои само една дилема, дали во нападот повторно ќе започне Стојков или српскиот интернационалец Драган Ќеран. Натпреварот кој е од големо значење за нашиот тим ќе може да го проследите низ директен видео стрим на официјалната страна на нашиот клуб.