Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Шкупи не издржа до крај, пом.пионери со триумф ја продолжија борбата за титулата
Шкупи не издржа до крај, пом.пионери со триумф ја продолжија борбата за титулата

Шкупи не издржа до крај, пом.пионери со триумф ја продолжија борбата за титулата

Денес во скопско Марино се одигра заостанатиот дуел од лигата за помлади пионери помеѓу ФК Вардар и гостите од скопски Чаир, тимот на ФК Шкупи. Мечот кој изобилуваше со голема борба заврши со триумф на Вардар од 1:0.  Црвено-црните го статуваа мечот со следните 11 момци: Андов, Чурлинов, Мирчевски, Манасиевски, Апостоловски, Бојковски, Петковски, Илиевски, Ариф, Астарџиев, Николов. 

 Почеток на мечот, енергичен дуел на двата млади колективи кои покажуваат желба за наидигрување од првата минута на мечот. Први се заканаа гостите од Чаир кој во 4 минута шутнаа, но нашиот голман Андов умешно прифати.  Ние прва шанса за погодок имавме од слободен удар преку  Николов , топката беше наместена од десно на дистанца од 20 метра, но ударот заврши над гредата. Потоа сино-белите имаа шанса но топката заврши над голот на црвено-црните по удар од 20 метра во 15 минута. Голема шанса пропуштаме кога одличен центар-шут упати Астарџиев до Петковски, кој не успеава да го отвори резулатот по оваа одлична прилика. Вардарци целосно се во офанзива во средината на првиот дел атакувајќи кон голот на Шкупи со цел да погодат и да го отворат мечот со гол. Нашиот Ариф  во 21 минута излезе сам на сам со голманот на гостите Јонуз, но гостинскиот голман со пад во нозе ја собра топката и ја спречи нашата радост. Во 25 минута од првиот дел топката се движеше кон Николов кој се судрува со голанот Јонуз и не успева да ја зафати истата таа стига до Астарџиев кој погодува гол, но главниот судија Божиновски се решава да досуди фаул за голманот на Шкупи.  Чурлинов се обидува минута по тоа со силен удар од 20 метри а топката минува на 5-10 см над гредата од голот на гостите. Апостоловски во 36 минута прпушта голема шанса кога по една мешаница на дистанца од десетина метра топката стигна до него, но не успеја да погоди и истата ја испрати крај десниот директ.

nana2

Во вториот дел тргнавме во целосна офанзива со цел рано да го решиме мечот со погодок. По самиот почеток на вториот дел клупата на црвено-црните се одлучи да изврши две минути играта ја напуштија Ариф и Николов, а нив од клупата ги замени Хасиќ и Ристевски. Се редеа шанси пред голот на Јонуз така Бојковски  од непосредна дистанца погодува во пречка во 5 минута од мечот ,а голема кардинална шанса пропушта и Астарџиев  кога промашува речеси  празен гол од само 5 метра. Гостите се во целосна дефанзива пред нашите налети и се обидуваат да го зачуваат својот гол, бидејќи се свесни дека еден бод и резулат 0-0 е голем успех гледајќи ја нашата доминантна игра во вториот дел од натпреварот.  Нова измена и освежување во нашиот состав за последните атаци Спировски го заменува Ариф во 62 минута од дуелот. Андов мартин  во 65 минута брани фантастично од како гостите со изненадувачки удар од 20 метра го погодија нашиот горен десен агол од голот, но вардаровиот голман одлично брани и ги собира аплаузите од гледалиштето во скопската населба Марино.  Гостите се обидуваат преку блиц напади од контра да постигнат гол и да обезбедат цел плен, но не успеваат во своите обиди за такво нешто.  Се играше 75. минута главниот судија Божиновски досуди пенал за вардарци,  топката ја зема Петковски Виктор кој шутна силно во десниот агол, голманот Јонуз ја зафати топката но за наша среќа таа заврши зад неговиот грб и поведовме со 1-0. Гостите се обидоа да се вратат по голот и тргнаа во напад, но нивните атаци нашата одбрана ги одбива.

Со овој триумф ја продолжуваме борбата за титулата со екипата на Работнички. Сега разликата помеѓу овие две екипи кои се директни конкуренти за тиктулата е само еден и единствен бод. До крајот на сезоната остануваат уште три кола.