Поранешен дефанзивец на Вардар направи трансфер во руското првенство. Имено дефанзивецот од Црна Гора кој беше дел од Вардар во периодот од 2015 до 2017 Немања Мијушковиќ, потпиша договор со рускиот прволигаш тимот на Тосно.
Тосно е добро позната екипа бидејќи на летните подготовки Вардар одигра еден дуел со овој тим. Пред да дојде во Тосно, Мијушковиќ настапуваше во тимот на Тараз во Казакстан.
Овој играч во Вардар одигра вкупно 32. натпревари и постигна три гола.