Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Јуниорите на кугларскиот клуб Вардар играа одлично и завршија со само еден пораз оваа есен
Јуниорите на кугларскиот клуб Вардар играа одлично и  завршија со само еден пораз  оваа есен

Јуниорите на кугларскиот клуб Вардар играа одлично и завршија со само еден пораз оваа есен

Покрај сениорската екипа во Македонската кугларска лига свои настапи имаат и јуниорските екипи. Вардар има одличен тим составен од тројца одлични млади и надежни куглари. Станува збор за Костадиновски Матеј, Љупчо Митиќ и  Мартин Митиќ. Тие веќе втора сезона настапуваат за јуниорската екипа на црвено-црните.

vv2

Минатата сезона тие ја завршија  на делба на првата позиција со врсниците од екипата на КК Империл Тобако. Вкупно одиграа во јуниорската лига осум натпревари во кој имаа одличен успех, на шест од нив дојдоа до победа и на само два беа поразени. Со овој скор тие заедно со јуниорскиот состав на екипата на  КК Империла Тобако ТКС се првопласирани. Двата тима освоија по 12 бода, трет на табелата е јуниорскиот тим на “пумпашите“ со 10 бода, четврти е тимот на КК ГТЦ Мусандра со 6 бода, последен е КК 18-ти Август 2016 без поени. Оваа есенска сезона по одиграни четири кола ние имаме одлични три победи и само еден пораз. Атакувајќи на подoбрување на ланскиот резултат нашите момци вредно работат на усовршување пред пролетниот дел.

vv5 vv3

Во 1.коло  ние гостувавме кај младите ривали на   ГТЦ, на овој дуел КК Вардар победи со 1-3. Кај нас   Митиќ Љупчо впиша зад своето име 224  (158+66) соборени “дрва“, а пак Мартин Митиќ впиша 225  (155+70). Во 2.коло се сретнавме со тимот на КК Империал Тобако ТКС нашиот противник на овој дуел дојде до победа со резултат 3-1.  Во следнот, 3.коло сениорите играа дерби со Макпетрол во кое беа поразени, но јуниорскиот тим дојде до победа. Ние на овој дуел триумфиравме со резултат 1-3. Во 4.коло, младите црвено-црни надежи победија со резултат 3-1 во соочувањето со врсниците од екипата на Кугларскиот клуб  18-ти Август кој се одигра во кугланата “ВИП“ при Спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје. Стартуваа за нас Костадиновски Матеј и Мартин Митиќ, а подоцна на место на Матеј во игра влезе Љупчо Митиќ. Токму он “кумуваше“  на конечниот исход, тој направи пресврт и за само две “дрва“ донесе победа со 3-1. Костадиновски Матеј 62+33=95/ Љупчо Митиќ 90+52=142, Мартин Митиќ 175+59=234. Во 5.коло Вардар играше со битолска Хераклеа, тим кој нема јуниорска екипа па нашите момци беа слободни во ова коло.

vv