Претстојниов викенд активно ќе биде 17 коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник за наште генерации ќе биде екипата на Милано од Куманово. Пионерските екипи во сабота се домаќини на теренот на Академијата, додека кадетите и младинците во недела гостуваат во Куманово.
Помладите пионери се очекува да ја продолжат серијата на победи, која трае уште од третото коло. Избраниците на Тодоровски се во потрага по 16 победа во лигата, а Милано не би требало да претставува пролем за нашите надежи да освојат нови три бодови. На првиот дуел одигран во есенскиот дел, Вардар славеше со резултат 0:2, со головите на Стојановски и Мирков. Милано е закован на дното на табелата, со само пет освоени бодови, па ако се земе бодовната разлика помеѓу овие две екипи, црвено-црните имаат 46 бодови, јасно е кој е фаворит на овој меч, кој во сабота ќе го има својот старт од 10:00 часот.
Пионерите на Вардар се исто така фаворити со врсниците од Милано и се очекува да стигнат до вториот пролетен триумф. Убедливи бевме на гостувањето против следниот противник, кога во Куманово високо триумфиравме убедливо со резултат од 0:5, кога во листата на стрелци се запишаа пет различи играчи, тоа беа Ристовски, Хасановиќ, Астарџиев, Хасиќ и Спировски. Во оваа возрасна генерација, Милано се наоѓа на последното место на табелата, со само една и единствена победа и дури 15 порази оваа сезона. Дуелот на пионерските екипи е закажан во сабота со почеток од 12:00 часот.
Победата во ова коло е неопходна и за кадетите доколку сакаат да го одржат чекорот за првото место, со екипата на Шкендија. Избраниците на Колев високо ги победија Кумановчани на првиот нивни дуел одигран на Академијата, со резултат од 9:0. И кај кадетите, екипата на Милано има само еден триумф во овој дел од сезоната, па црвено-црните ја имаат улогата на фаворити во пресрет на неделниот меч, кој ќе започне од 13:00 часот.
Младинците ќе се обидат да стигнат до првиот триумф во пролетниот дел, откако на првите два меча одиграа со нерешен резултат. Во оваа генерација, Милано највисоко котира на табелата и се наоѓа на шесттото место. Вардар беше убедлив на првиот нивни меѓусебен меч во есенскиот дел, кога славеа убедливо со резултат 7:0. Дуелот на младинците на Вардар и Милано ќе стартува од 15:00 часот.