Селекторот на младинската репрезенација У-21 на Македонија Боби Милевски дополнително го повика фудбалерот на црвено- црните Петар Петковски . Петковски кој е стандарден член и капитен на најдобриот македонски состав У-19 доби покана да настапува со повозрасните репрезенативни колеги.
Оваа дополнителна покана следуваше од како се појави проблем во селекцијата заради одсуството на Давид Бабунски . Младиот вардаров фудбалер кој игра и за сениорскиот состав на црвено – црните ќе им се придружи на Бобан Николов и Дарко Велковски кои се стандарни првотимци кај Милевски , а Асани овој пат не е во изборот и ако беше претходно повикуван од селекторот на У-21 . За младите македонски надежи следат два предизвика , а тоа се мечевите со Украина и Австрија .