Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > СУПЕРКУП! Вардар – Работнички на 23 Септември!
СУПЕРКУП! Вардар – Работнички на 23 Септември!

СУПЕРКУП! Вардар – Работнички на 23 Септември!

ВАРДАР ФАНС прв дознава: Конечно е дефиниран датумот на Супер купот на Македонија од страна на Фудбалската Федерација на земјава. Мечот за насловот во суперкупот ќе се одигра на 23-ти овој месец на Арената Филип втори во вечерен термин.

Црвено – црните ќе атакуваат на вториот за нив суперкуп пехар во историјата на најуспешниот македонски фудбалски колектив. Противник на Вардарци кој во овај меч обезбедуваат учевство како шампиони на Македонија е тимот кој го освои македонскиот куп ФК Работнички. И ако секаде овој дуел за пехарот во суперкупот се игра на почетокот од сезоната, поради неажурноста на ФФМ и европските мечеви на “Романтичарите“ кај нас ќе се одигра со речеси двомесечно задоцнување. Одлична шанса на ова градско дерби, да се закитиме со првиот од трите пехари на кој атакуваме во оваа сезона на домашна сцена.