Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Жрк Вардар го освои ”Трофеј Вардар”
Жрк Вардар го освои ”Трофеј Вардар”

Жрк Вардар го освои ”Трофеј Вардар”

Во еден тежок и изедначен натпревар, избраничките на Инди и Питлик ја совладаа и екипата на Ростон Дон, и стигнаа до прва титула оваа сезона. Натпреварот започна многу изедначено цело прво полувреме. Во 9 минута од натпреварот гостинките имаа водство од 5:4, потоа Вардарки направија една серија, со двата погодоци на Черноиваненко и дојдоа до водство од 6:5. Во 17 минута од натпреварот резултатот беше изедначен, 8:8. Потоа русинките направија највисока разлика на овој натпревар од +2 за 9:11. Потоа следуваше мини серија на Вардарки за во 25 минута резултатот да гласеше 11:12 за гостинките со 2/2 на Пенезиќ од линијата за 7 метри. Во 27 минута беше досуден уште еден пенал за Вардар, а успешен реализатор беше Пенезиќ за 13:13
На полувреме се замина со резултат 14:14 Пенезиќ постигна 4 погодоци.

Продолжи неизвесниот натпревар и во вториот дел, во 33 минута резултатот беше 16:16, потоа Пенезиќ со два голови направи разлика од +2 за Вардар. Лазовиќ влезе во елемент 2 гол во ова второ полувреме за 20:18 во 40 минута од натпреварот. Но одма потоа две грешки на Вардар за 20:20. 3 гол на Черноиваненко за повторно +2 во 44 минута. Прво исклучување за Вардарки, две минути надвор замина Пенезиќ. 46 минута 22:22 гол за Ростов. Суслина брани пенал! СЦ.Јане Сандански се разбуди. Стигнува и поддршката од трибините, 52 минута од натпреварот, Ина Суслина со две маестрални одбрани. Лекиќ за највисоки +3 за Вардар! Суслина 7 одбрана, ги собира аплаузите од трибините. Лазовиќ 4/4 во вториот дел за 27:23, се чини се е јасно на овој натпревар. Кликовац прв гол за 28:23 58 минута од натпреварот.
Крај на натпреварот! 29:24 победа на ЖРК Вардар.

Најефикасни во Вардар: Пенезиќ (7) Лекиќ (5) Дембеле (5) Лазовиќ (4) Суслина (9) одбрани.
Фото: zrkvardar.mk