Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > РК и ЖРК Вардар, со трофеи ја најавија сезоната која престои
РК и ЖРК Вардар, со трофеи ја најавија сезоната која престои

РК и ЖРК Вардар, со трофеи ја најавија сезоната која престои

Шампионите на нашата земја, екипите на РК Вардар и ЖРК Вардар на најдобар можен начин ја најавија сезоната која претстои пред нив. Ракометарите на Вардар имаа префектни летни подготовки. Учевствуваа на турнир во Словенија, каде го освоија првото место, без пораз. Во таа финална пресметка знаеме дека нашиот црвено – црн состав го елиминираше тимот на Пик Сегед од Унгарија. Потоа настапија дома, на новиот ”Вардар Турнир” кој го организираше нашата управа. На овој турнир дојдоа респектабилни екипи, во името на Медведи, Кристијанштад и др. Вардар и на овој турнир убедливо ги совлада сите три свои противници. Знаеме дека шведскиот тим е, и наш противник во Лигата на Шампионите. Едно е јасно, момците на Раул покажаа дека оваа сезона одат на највисок пласман, односно на завршницата во Лигата на Европските шампиони, а зашто да не и титула! Ќе биде многу интересно!

vardarfans trofej

Додека пак Женскиот шампион на нашата држава, екипата на Жрк Вардар исто така ја најави сезоната со еден убедлив настап, исто така на својот турнир. Избраничките на Инди и Питлик дојдоа до три победи на овој турнир, против екипите на Лајпциг, Подравка, и во финалето против екипата на Ростов Дон. Очекуваме и оваа сезона нашиот тим да се најде на завршницата на Ф-4 турнирот, и конечно да се подобри пласманот, тоа 3-то место освоено веќе две години наназад.
Напред Вардар! 

Фото: rkvardar.mk