Monday ,07 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Дарко Младеновиќ донесе големи три бода за ФК Вардар генер. “2003“, на гостувањето кај Милано
Дарко Младеновиќ донесе големи три бода за ФК Вардар генер. “2003“, на гостувањето кај Милано

Дарко Младеновиќ донесе големи три бода за ФК Вардар генер. “2003“, на гостувањето кај Милано

Минимална победа за генерацијата “2003“ на ФК Вардар, која денес на теренот во Куманово го одигра одложеното коло од регионалната – скопска лига, против врсниците од Милано. Избраниците на Горан Петрески триумфираа минимално со резултат од 0:1 и на тој начин ја продолжија борбата за титулата со екипата на Шкендија.

Единствениот гол вреден три бода го постигна напаѓачот Дарко Младеновиќ, кој со глава ја затресе противничката мрежа и донесе водство од 1:0 откако успешен центар шут упати Харим Алими, во текот на првото првото полувреме, односно во 35 минута, резултат кој на крајот се покажа и како конечен. Мора да се напомене дека и домашниот тим имаше свои шанси на овој дуел и тоа две сериозни акции се одвиваа кон нашиот гол, но Лука Стојковски одлично интервенираше и денес ја зачува својата мрежа незатресена. Кај Вардар покрај постигнатиот гол вреди да се одбележи и шансата на Георг Стојановски, кој изби сам со голманот, но ја погоди само стативата од голот на кумановчани. Исто така на десет минути пред крајот на мечот, црвено-црните промашија и удар од белата точка откако непрецизен беше Абдула Хасани. Претходно во противничкиот шеснаесетник соборен беше Лео Андрески. По она што го видовме на теренот заслужен триумф за Вардар, кој можеше да биде предвреме решен, иако и домаќинот имаше две изгледни прилики.

Со оглед на тешкиот терен за игра, ова е голема и важна победа за оваа генерација на Вардар, која останува на првото место на табелата пред второпласираниот тим на Шкендија.

ФК Вардар: Стојковски, Марковски, Ѓорѓоски, Сељанац, Јовановски, Давидовски (c), Алими, Хасани, Стојановски, Младеновиќ, Андрески.

Во игра влегоа уште: Влатко Стојановски, Суљејман Исмаили и Петре Тасески.