Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Ристевски во најдобрите десет куглари во МКЛ
Куглање: Ристевски во најдобрите десет куглари во МКЛ

Куглање: Ристевски во најдобрите десет куглари во МКЛ

Викендов  се одигра последното 15.коло во Македонската кугларска лига,  по кое  КК Вардар  за 4 години постоење, 4 пати е вицешампион на Република Македонија. Вардарци успеаа да го остварат она за кое и се надева, бореа и стремеа од почетокот “сребрената позиција“ во МКЛ. Сезоната беше долга, ние влеговме ослабнати во истата, но амбициите беа високи да се заврши пред сите конкуренти во лигата веднаш зад богатиот тим на КК Макпетрол.

Кугларската федерација на земјава  по крајот на МКЛ излезе со листата на постигнати  “Поединечни просеци за сезона 2017/2018 година“. Нашиот Коста Ристевски се најде во топ-10 листата која може да ја погледнете во продолжение. Тој одигра одлично особено оваа пролет, ќе имаше и подобар скор, но пропушти неколку дуели поради здраствени проблеми. Коста има просек 555.1 зад своето име  по одиграни 10 дуела во оваа сезона.