Вардар изминатата недела ја започна одбраната на титулата со првиот дуел во плеј-офот в гости кај РК Охрид 2013 кој го доби. Утре од 17-00 часот црвено-црниот тим го игра првиот натпревар пред домашна публика од домашната Супер лига.
Во СЦ „Јане Сандански“ гостува екипата од Битола, тимот на Еурофарм Работник. Тоа е екипа која ланскиот финалист од Купот на Македонија и кој се соочи со нас во Суперкупот, и во двата дуела црвено-црните дојдоа до злато. Како што известија на официјалниот сајт на клубот за овој дуел влезот е слободен.