Вардар и Будуќност одиграа со нерешен резултат, во последното коло од регионалната лига. На тој начин финишираше и оваа сезона во ова натпреварување, кое втор последователен пат го освојува токму Вардар.
Црнагорките подобро го отворија натпреварот, кога имаа предност од два гола, но брзо црвено-црните вратија и го израмнија резултатот. Најголемата предност во првото полувреме, избраничките на Аџиќ ја имаа кога поведоа со 3:6, но вардарки во следните пет минути постигнаа четири последователни голови и поведоа со 7:6. Кога помисливме дека нашиот шампион ќе се одлепи од противникот, во моментите кога имаше два гола предност, сепак гостинската екипа во следните минути играше подобро и го израмни резултатот. До крајот на првите 30 минути се играше гол за гол и ниту една од екипите немаа поголемо водство од еден гол разлика. Сепак на полувреме, се замина со минимална предност на Будуќност од 13:14.
Будуќност имаше контрола на резултатот и во вториот дел, а избраничките на Дибирова и Парондо само во два наврати имаа предност, која понатаму ја испуштија. Противникот беше поблиску до победата, кога на три минути пред крај имаа предност од два гола (22:24). Сепак Вардар успеа да израмни и да донесе неизвесност околу конечниот победник. Во последните 30 секунди двете екипи постигнаа по еден гол. Најпрво Будуќност поведе со 25:24, за во последните шест секунди, црвено-црните да реализираат преку Лекиќ и да ги постават конечните 25:25.
Токму Андреа Лекиќ беше наш најдобар стрелец со 10 голови, додека Пенезиќ и Хмирова додадоа по 8. Вардар заврши како прв во региоанната лига, каде на осум натпревари имаше седум победи и смо еден нерешен резултат.
ВАРДАР: Лејно, Суслина, Радичевиќ, Кликовац 1, Саздовска, Кузнецова, Лазовиќ 1, Пенезиќ 4, Керамичиева, Чанаџија 1, Лакрабер 1, Хмирова 4, Цвијиќ, Лекиќ 8, Петровиќ, Ристовска 2.