Денес во Куманово се одигра одложеното 17 коло во првенството на младинските фудбалски категории. Победи за кадетите и младинците на Вардар, кои триумфираа во дуелите со екипата на Милано.
Кадетите на ФК Вардар стигнаа до втората последователна победа во пролетниот дел од сезоната, откако славеа денес на теренот на противникот. Резултатот на овој натпревар гласеше 0:3 и тоа со сите погодоци во вторите 45 минути, откако на полувреме резултатот беше оној почетниот 0:0. Шанса на овој дуел за кадетите доби Анатолиј Петејчук кој настапува за помладите пионери. Токму со головите на Петејчук, црвено-црните поведоа со резултат 0:2, додека конечните 0:3 на овој дуел ги постави Мустафа. Ова беше вкупно 11 победа за вардаровите кадети, со која остануваат во борбата за титулата со екипата на Шкендија.
ФК Вардар: Тимевски, Ѓурковски, Младеновски, Пешевски, Радевски, Николов, Димоски, Илиевски, Туша, Јусуф, Благојевиќ.
Прв пролетен тримф забележаа и младинците на ФК Вардар, кои ги совладаа врсниците од Милано, со резултат 0:2. Резултатот на овој натпревар го отвори Дејан Маркоски, кој успешно го реализира ударот од белата точка, за водсто од 0:1, резултат кој беше актулен на полувреме. Во вториот дел постигнавме уште еден гол во противничката мрежа, дело на Џемал Ибиши, кој ја зголеми предноста на 0:2. Овој резултат беше и конечен на овој натпревар.
ФК Вардар: Петковски, Серафимов, Наумчески, Тасев, Дишлиевски, Ѓорѓиески, Реџепи, Адем, Маркоски, Абдулхади, Ибиши.
Ова како што напоменавме беше прва пролетна победа за младинците, после првите два нерешени резултати во овој дел од сезната. Инаку ова е вкупно деветти триумф за избраниците на Бабунски во оваа натпреварувачка сезона.