Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Најава за новите натпревари на младинските екипи на РК Вардар, кои водат борба за завршните турнири во своите генерации
Најава за новите натпревари на младинските екипи на РК Вардар, кои водат борба за завршните турнири во своите генерации

Најава за новите натпревари на младинските екипи на РК Вардар, кои водат борба за завршните турнири во своите генерации

Претстојниов викенд неколку младински екипи на ракометниот клуб Вардар ќе ги одиграат своите натпревари од редовното коло.

Поради настап на кадетската и младинска ракометна репрезентација на меѓународен турнир во Унгарија, овој викенд ќе нема настапи за младинците на Вардар и Вардар Јуниор кои ќе паузираат со мечевите од редовното коло.

Пионерите на РК Вардар Јуниор ќе се обидат да ја забележат првата пролетна победа и тоа на гостински терен, против екипата ГРК Гостивар. Избраниците на Зоран Петковски се наоѓаат на претпоследното место на табелата, а до крајот на сезоната им преотстануваат уште два натпревари за одигрување, споменатиов против Гостивар и во последното коло на домашен терен против екипата на Кромак. Мечот против Гостивар е закажан за во недела, со старт од 16:00 часот.

Последен натпревар во регуларниот дел од сезоната и за пионерите на РК Вардар, кои го играат дербито со екипата на Шампион. Ова ќе биде дуел на лидерот Вардар, против второпласираниот тим на Шампион. Црвено-црните се сигурни на првата позиција со шест бодови повеќе и меч повеќе од екипата на Шампион. Првиот дуел одигран на гостински терен го добивме убедливо со резултат од 13:21, така да и во случај на пораз на Вардар на овој меч, на крајот избраниците на Будимир ќе завршат на првото место, секако доколку не загубат со повеќе од осум голови, а за такво нешто да се случи шансите се многу минимални. Вардар оваа сезона игра одлично и има 11 победи на исто толку одиграни натпревари и сигурни сме дека со триумф на Кале ќе го заврши регуларниот дел од сезоната. Да напоменеме дека само првопласираните екипи од сите четири групи, ќе играат на завршниот турнир во пионерската лига. Една од нив ќе биде токму Вардар. Тие својот дуел ќе го одиграат во недела, 18 и 30 на “Кале“.

Интересно истиве екипи своите сили ќе ги одмерат и на стартот на пролетниот дел во кадетската лига. И тука младите надежи предводени од Андријана Будимир се наоѓаат на првата позиција, со максимален број на освоени бодови и тука ќе стартуваат како лидери ќе го стартуваат пролетниот дел. Овој дуел ќе се игра во сабота 16 и 30 на салата при ДИФ.

Натпревар од 13 коло во женската пионерска лига, ќе одиграат и вардаровите пионерки. Избраничките на Анжела Платон гостуваат во Ѓорче на истоимената екипа, натпревар кој ќе се одигра во сабота со почеток од 19:00 часот.Инаку вардарки се во борба за завршниот турнир и пред ова коло се наоѓаат на третото место на табелата, со само два бодови помалку од екипите на Делчево и Куманово кои се наоѓаат на првите две места. Доколку Вардар триумфира на мечот со Ѓорче, во последното коло на домашен терен ќе игра со екипата на Куманово, дуел кој ќе го одлучи патникот на Ф4.

После една недела пауза, активни ќе бидат и младинките на Вардар, кои во недела на Кале со почеток од 16:30 часот ќе ја пречекаат екипата на Ѓорче Вардар. Слободна во ова коло е екипата на Вардар Јуниор која нема дуели во младинската и кадетската лига каде минатиот викенд го одигра првото пролетно коло.