Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > На денешен ден пред четири години, РК Вардар сред Хамбург го елиминира тогашниот актуелен Европски шампион
На денешен ден пред четири години, РК Вардар сред Хамбург го елиминира тогашниот актуелен Европски шампион

На денешен ден пред четири години, РК Вардар сред Хамбург го елиминира тогашниот актуелен Европски шампион

На денешен ден пред четири години, екипата на РК Вардар успеа да направи голем подвиг и сред Хамбург да го елиминира тогашниот актуелен Европски шампион, тимот на Хамбург. Избраниците на Раул Гонзалез славеа минимално со резултат 29:30 доволно да се елиминира Европскиот шампион, откако на првиот меч одигран во С.Ц. Борис Трајковски одигравме со нерешен резултат (28:28).

Во најголем дел од мечот имавме предност и на крајот заслужено се радувавме на победата, која беше издвојувана без најдобриот стрелец, Дибиров кој поради повреда не настапи на реваншот во Германија, но затоа Карачиќ беше предводник постигнувајќи најмногу голови. Од сегашниот состав само Карачиќ, Абутовиќ, Милиќ и Стоилов беа дел од тој историски натпревар. Во истата сезона, Вардар немаше среќа да се пласира на завршниот турнир во Келн, со оглед дека во четвртфиналето за еден гол бевме елиминирани од Фленсбург, кој пак подоцна стана шампион на Европа.