Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Мирков прв стрелец во сите младински екипи на Вардар, второто место го делат Гуџуфи и Величковски

Мирков прв стрелец во сите младински екипи на Вардар, второто место го делат Гуџуфи и Величковски

Откако ги комплетиравме листите на стрелци во младинските екипи на ФК Вардар кои се дел од најсилната супер лига, во продолжение ќе го изнесеме играчот кој се покажа како најдобар голгетер во есенскиот дел од сезоната.

Антонио Мирков ќе го понесе ова признание, играчот кој паралелно настапуваше за кадетите и младинците успеа да постигне вкупно 10 голови и да се најде на врвот. Мирков заврши како најдобар стрелец за кадетите со вкупно 5 голови, а исто толку успеа да постигне и за младинците.

Второто место го делат двајца играчи, се работи за Бесар Гуџуфи и Никола Величковски кои постигнаа по 9 голови. Гуџуфи со 7 погодоци беше најефикасен кај младинците, додека за кадетскиот тим на два наврати ја тресеше противничката мрежа. Величковски сите 9 голови ги постигна за помладите пионери на Вардар.