Познати се финалистите на завршниот ракометен турнир во Келн. Тоа се екипите на Барселона и Кил, кои вечерва ќе се борат за скапоцениот трофеј во Лигата на Шампионите.
На вчерашните полуфинални натпревари, најпрво екипата на Барселона го совлада ПСЖ со резултат 37:32. Многу поинтересно беше во второто полуфинале во кое по дури две продолженија, тимот на Кил беше подобар од Веспрем (36:35).
Продолжува „проклетството“ за богатите екипи на ПСЖ и Веспрем кои се уште неможат да стигнат до Европската титула. Тие вечерва со почеток од 18:00 часот ќе се борат за утешното трето место, додека големото финале меѓу Барселона и Кил ќе стартува од 20:30 часот.
Вечерва, Европа ќе добие и нов владател, уште кратко приматот ќе го држи нашиот Вардар кој минатата сезона во големото финале го победи Веспрем.