Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИЧАРОТ КОЈ НЕ ДОЗВОЛИ ДА ЗГАСНЕ АК “ВАРДАР” – МАРКО ИВАНОВСКИ..пишува: Проф. Бошковиќ
АТЛЕТИЧАРОТ КОЈ НЕ ДОЗВОЛИ ДА ЗГАСНЕ АК “ВАРДАР” – МАРКО ИВАНОВСКИ..пишува: Проф. Бошковиќ

АТЛЕТИЧАРОТ КОЈ НЕ ДОЗВОЛИ ДА ЗГАСНЕ АК “ВАРДАР” – МАРКО ИВАНОВСКИ..пишува: Проф. Бошковиќ

Професорот Бошковиќ Мирослав, во своите пензионерски години постојано дава допринос со нови „парчиња“ од богатата црвено-црна историја. Овој пат посвети четиво на се уште актуелен атлетичар.
Ивановски Марко е цели 19 години член на црвено-црниот колектив АК “Вардар”. Својата атлетскакариера ја започнува во 2001 г., во годините кога сите си заминаа од клубот, а тој беше единствениот кој остана да ги брани боите на клубот. За својата бескрајна љубов кон клубот и многубројните настапи на домашните и меѓународните натпревари, ќе зборуваме во оваа атлетска сторија. Сигурно дека не постои некој од атлетичарите или атлетските работници да не знае за Марко Ивановски, долгоодишен член на АК “Вардар”. Тој ја продолжува семејната трдадиција на Ивановски, како спортисти кои се верни членови на клубот.
134101841_419884845877182_8377888459582562331_n
Таткото на Марко, Мире Ивановски, станува член на клубот од средината на 60-те години, сѐ до завршувањето на 1970 година, кога заминува на отслужување на воениот рок, а потоа се повлекува од атлетската патека. Но атлетиката никогаш не ја заборавил, па со години може да се види како атлетски судија, или во организацијата на големите атлетски настани кои се случуваат во Скопје. По стапките на својот татко, тргнува и неговиот син, Марко Ивновски а повремено на домашните маратони се појавува и неговиот постар брат, Влатко Ивановски. Својата атлетска кариера во АК “Вардар”, ја започнува во 2001 год., уште како млад младинец, а потоа и во повозрасните категории, до сениорската конкуренција. Во тие години, кога започнува со тренинзите, клубот западна во голема криза, без соблекувални, атлетски тренер, финансии… Но љубовта кон црвено-црната боја, беше решавачка, да и во тие околности биде дел од вардаровите спортски имиња. Беше повеќекратен првак на Македонија во младинска и јуниорска конкуренција, а во 2009 год. и во категоријата за млади сениори. Најголем проблем со кој се соочува во својата кариера, се многубројните повреди, кои занаеле и со месеци да го оддалечат од атлетските случувања.
133965834_419884652543868_2709515524621022281_n
Во текот на својот спортски развој, воглавном се посветува во трките на долги патеки, како и маратонското трчање. Повеќе пати настапуваше за репрезентацијата на Македонија, а најголем успех постигна со освојувањето на 3-то место во трката на 10 км. во рамките на Истанбул Маратон во 2014 година. Истата 2014 год., како член на репрезентацијата на Македонија, го освои 3-то место во екипна конкуренција на Балканското првенство во крос-кантри во Дарица, Турција. Во јули 2015 год. по пауза од 7 месеци, поради поврда, настапи на националното првенство за сениори, кое се одржа во Скопје. Тогаш стартуваше во трката на 800 м., во која постигна мошне солиден резултат, освојувајќи го второто место, со што се закити со сребрен медал. Во февруари 2015, во главниот град на Унгарија, Будимпешта, се одржа еден од најмасовните полумаратони, 30-от по ред “Виз Ер Будимпешта”. На истиот учествувале 41 атлетичар од Република Македонија, меѓу кои и Марко Ивановски. И покрај тоа што пред полумаратонот имаше 10 дена прекин во тренажниот процес поради озледата, Марко постигна резултат од 1:28,11, со кој се пласираше на 205 позиција од над 9000 учесници. На 25 октомври 2015 год., во Црна Гора се одржал Подгоричкиот маратон и полумаратон. Полумаратонската трка во која настапиле вардарците Марко Ивановски и Петре Завировски, се трчала од Даниловград до Подгорица.
133946387_419885149210485_7914145441949438089_n 133800029_419950619203938_8048027625193102964_n
Дваицата успеале да забележат пласман меѓу 10 првопласирани атлетичари. Марко Ивановски во целта влегол како 9 пласиран со резултат 1:19;39, петнаесет секунди зад Петре Завировски. Во март 2015 г. , Марко настапи на првенството на Македонија во крос кантри, во сениорска конкуренција. На патеката долга 10 км., се пласираше на одличното 4 место со резултат 34:55. На 14 февруари 2016 г. на улиците на Барселона, се одржа еден од најмасовните полумаратони, а воедно и еден од најквалитетните натпревари во оваа дисциплина. Патеката долга 21.097 метри, Марко ја истрча со време од 1:20;39. што за вардаровиот маратонец беше повеќе од одличен пласман, бидејќи се позиционираше на 352 место од 10.034 учесници во машка конкуренција. Во март 2016 г. иако сеуште неопоравен од повредата, Марко настапи на крос кантри кој се одржа во Скопје. Во трката за сениори, на 10.000 метри се пласираше на солидното 5 место со време 35:54. Во април 2016 г., на кејот на реката Вардар, кај мостот близнак, по 11 пат се одржа плумаратонската трка “Трчме кон целта”, која во исто време претставуваше и државното првенство во полумаратон. Во оваа трка Марко го освои 10 место ( 8 од македонските претставници) со време 1:20;18. Во април 2016 г. кај нашиот северен сосед Р.Србија, се одржа 29-та манифестација “Белградски маратон”. Во полумаратонската трка настапи и атлетичарот на АК “Вардар” Марко Ивановски, кој мошне храбро се бореше, и постигна резултат од 1:30;4. Ова претставуваше четврта трка во која се појавуваше во 2016 г. На Скопскиот маратон, во мај 2016 г., Марко настапи како “пејс мејкер” во полумаратонската трка, во која мошне прецизно ја водеше групата за резултат 1 час и 45 минути. За жал, после оваа трка тој ја обнови повредата на рбетниот столб и задната ложа по што настапи долг период на рехабилитација. Во тој период Марко Ивановски работеше со познатиот маратонец и тренер Трпе Мартиновски.
133660895_419950572537276_9097784428247845595_n133659754_419884285877238_5027248138831883054_n
Во април 2017 г. Марко учествуваше во полумаратонската трка од 34 издание на “Vienna City Marathon” Во Виена. На Виенскиот полумаратон, патеката од 21.097 м. jа истрча со нов личен рекорд од 1:18;45. со просек 3.43/км, освојувајќи го освои 43 место во генерален пласманод во конкуранција од над 10.000 тркачи, додека во категоријата М-30 (30+години) се пласираше како 11. Веднаш по Винскиот полумаратон, Марко настапи и на традиционалниот полумаратон “Трчаме кон целта”, на кејот на р. Вардар, кај мостот близнак во Скопје. Меѓу неколку учесници од АК “Вардар”, Марко беше најуспешен, освојувајќи го 5 место, со време 1:19,22, што му донесе и парична награда. По повеќемесечните проблеми со повредите, на голема врата се врати на атлетската сцена.На Скопскиот маратон во 2017 г., во полумаратонската трка, АК “Вардар” имаше троица учесници: Марко Ивановски, Петре Завировски и Дејан Василевски. Во оваа трка, Марко го освои 7 место со време 1:20;46. На 14 мај 2017 г нстапи и на “Приштинскиот полумаратон” во Косово, кое воедно беше и Балканско првенство во полумаратон. На овој настан настапиија и атлетичарите од АК “Вардар”: Трпе Мартиновски, Марко Ивановски и Влатко Јакимовски. Марко беше дел од македонската репрезентација која настапи на ова Балканско првенство , при што патеката ја мина за 1:19,56., што беше доволно за 14-то место во генерален пласман. Во екипен пласман, машката репрезентација на Македонија го освои 4 место.Покрај многубројните трки на атлетската патека, кросевите и полумаратоните, во септември 2017 г. Марко, заедно со легендата на маратонското трчање, Трпе Мартиновски, настапи и на традиционалниот Охридски маратон. 52 годишниот Трпе Мартиновски го освои 9 место, а веднаш зад него, како 10, пристигна Марко Ивановски со време 2:03;25. Ова беше деби на овој атлетичар на овој мошне напорен маратон. Треба да се истакне, дека откако ги избегна повредите, во текот на целата сезона покажуваше фантастични перформанси. Голем успех Марко Ивановски постигна на вториот по ред “Велешки полумаратон”, кој во октомври 2017 г. се одржа во градот Велес. Покрај освојувањето на извонредното 3 место, тој постави и личен рекорд на делницата од 21 км. со време 1:17;03 (претходно 1:18;45 – Виена). Веднаш по Винскиот полумаратон, Марко настапи и на традиционалниот полумаратон “Трчаме кон целта”, на кејот на р. Вардар, кај мостот близнак. Меѓу неколку учесници од АК “Вардар”, Марко беше најуспешен, освојувајќи го 5 место, со време 1:19:22, што му донесе и парична награда. Меѓу најголемите успеси на овој атлетичар, секако е освојувњето 1 место на полумаратонот “Шри Чинмој”, кој се одржа во октомври 2017 г., во Градскиот парк, во Скопје. Времето на победникот изнесуваше 1:19;23. Покрај Марко, на овој натпревар настапија уште дваица членови од АК “Вардар”, Мартиновски и Јакимовски, со што во екипен пласман беше освоено 3 место. Во октомври 2017 г. екипата на АК “Вардар” го освои 3 место во екипна конкуренција на патеката од 10.000 м. на првото издание на “SkopjeRun10” во организација на “Скопски маратон”, веднаш позади екипите на АК “Работнички” и “NRC-Nike Running”. Од вардаровите атлетичари најдобар беше Петре Завировски на 5-то место, веднаш после него како шести се пласираше Марко Ивановски, додека Трпе Мартиновски беше 13.Покрај успешните настапи на многубројните натпревари, Марко Ивановски е и долгогодишен атлетски судија.
134220567_419884995877167_8850977600063511076_n
Покрај републичките натпревари, на кои е незаменлив како бројач на кругови, учествуваше во организацијата на меѓународните атлетски натпревари кои се одржаа во Скопје: Европскиот куп на 10.000 м. (2014), Европското првенство во планинско трчање (Водно, 2018), како и во подготовките за одржување на Тимското европско првенство III лига (2019). Еве се случи, еден атлетичар, со голем ентузијазам и љубов кон клубот и атлетскиот спорт, да го одржи постоењето на АК “Вардар”, да привлече неколку нови атлетичари, како и да се грижи за настапите на атлетичарите на домашната и меѓународната атлетска сцена.