Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Македонија У17 го победи Кипар, Стојилевски постигна гол
Македонија У17 го победи Кипар, Стојилевски постигна гол

Македонија У17 го победи Кипар, Стојилевски постигна гол

Победа за Македонската фудбалска репрезентација до 17 години на турнирот кој се игра во Скопје. Оваа генерација на млади фудбалери успеа да ја победи репрезентацијата на Кипар.

Избраниците на Тони Јакимовски славеа победа со резултат 2:1. Резултатот го отвори стоперот на Вардар, Марко Стојилевски, кој после една нафрлена топка од слободен удар најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник и од неколку метри со глава ја заби топката во противничката мрежа. Кипар успеа да израмни, но Македонија ја врати предноста за 2:1, резултат со кој и заврши овој натпревар.

Стојилевски одигра цел натпревар, додека во игра влезе и Симеон Здравковски. На 16.септември не очекува натпревар против соодветната репрезентација на Србија.