Вчера се одигра првото коло во машката ракометна Супер лига. Фаворитите за освојување на Шампионската титула тргнаа со победи. Вардар немаше никакви проблеми да го победи Скопје, додека Еурофарм Пелистер малку се намачи да го победи „братскиот“ тим на Еурофарм Пелистер 2. „Десеткуваниот“ Металург немаше сили да направи изненадување и да го победи Пролет.
Комплетни резултати од првото коло:
Вардар – Скопје 48-24
Радовиш – Струга 19-22
Охрид – Тиквеш 2014
Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2
Бутел – Прилеп 28-27
Металург – Пролет 22-24