Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Македонија У15 подобра од Вардар У16
Македонија У15 подобра од Вардар У16

Македонија У15 подобра од Вардар У16

Денес на терените на ФФМ, помладите пионери на ФК Вардар одиграа контролен натпревар со репрезентативците на Македонија од генерација 2007. Натпреварот заврши во корист на Македонија У15 која славеше со резултат 3:1 (1:0).

Вардарци имаа свои шанси на овој натпревар и можат да жалат што не стигнаа до позитивен резултат. Во првиот дел како најсериозни ќе ги издвоиме оние на Стефан Коловски и Матеј Гаштаров кои останаа нереализирани, додека репрезентативците успеаа да погодат од својата најголема прилика. Се играше на средината на теренот, натпревар на кој и двете екипи покажаа желба за надигрување.

Во вториот дел, Вардар успева да постигне гол и да го израмни резултатот преку Андреј Величковски кој постигна гол од слободен удар. Сепак во последните 15 минути, Македонија У17 постигна два гола и ги постави конечните 3:1 на овој пријателски натпревар.

Тренерот Божиноски натпреварот го започна со следниве 11-сетмина: Максим Краљевски, Михаил Николов, Димитар Порчу, Драган Јанкоски, Нуман Ајетовиќ, Давор Лефковски, Андреј Величковски, Марко Николовски, Матеј Гаштаров, Стефан Коловски и Михаил Танчев.