Во февруари и март РК Вардар 1961 ќе ги одигра последните четири натпревари од групната фаза на лигата на шампионите, а две средби се закажани во салата во СЦ „Јане Сандански” – против ППД Загреб и Елверум.
Со цел да им се овозможи на навивачите навреме да обезбедат билет за овие две средби од ЕХФ Лига на шампионите почна продажбата на поединечните билети за средбите против ППД Загреб и за Елверум.
* Натпреварот Вардар – ППД Загреб е закажан за 23 февруари 2022 во 20,45 часот.
* Натпреварот Вардар – Елверум е закажан за 9 март 2022 во 20,45 часот
Дозволено е користење на 50 отсто од капацитетот на салата, до максимални 2.750 лица.
Продажбата на билетите ќе се врши:
онлајн на www.kupikartizase.com
и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија
(https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations).
Цени по блокови:
Блок А2, А3,А5 и А6 – 450 ден.
Блок 3,4,5,6,7,8,11,12,13,14,15 и 16 – 400 ден.
Блок 1,2 и 9 – 350 ден
Продажба на билети (доколку останат слободни места) ќе има и пред самиот почеток на средбата, на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” два часа (2 часа) пред почетокот на средбата.
На самиот влез секој гледач покрај билет ќе треба да покаже и:
* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.
Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата дури иако имате купено билет (сезонски или индивидуален) за натпреварите.