Македонската репрезентација до 15 години загуби со 3:2 од Србија на вториот конторлен натпревар одигран денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Македонија имаше предност од 1:0 со голот на вардаровиот играч, Илија Митаноски, кој успеа во 10.минута да ја затресе противничката мрежа. Сепак, Србија до крајот на првиот дел постигна три гола во нашата мрежа и на полувреме замина со водство од 1:3.
Во вториот дел падна само еден гол, истиот го постигна Александар Грашески, кој во минатото го носеше црвено-црниот дрес, со неговиот гол беа поставени конечните 2:3 на овој пријателски натпревар.
Во стартните 11 се најдоа Грбевски, Митаноски и Кесиќ, додека во игра влезе и Бојовиќ-Заев.