Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Македонија У16 го победи Гибралтар, Атанасовски, Шаботиќ и Радески забележаа настап
Македонија У16 го победи Гибралтар, Атанасовски, Шаботиќ и Радески забележаа настап

Македонија У16 го победи Гибралтар, Атанасовски, Шаботиќ и Радески забележаа настап

Македонија У16 дури после изведување на удари од белата точка успеа да ја победи соодветната репрезентација на Гибралтар (6:5), откако натпреварот во регуларниот дел заврши без голови. Во пенал серијата успеа да погоди Емир Шаботиќ.

Лука Атанасовски и Емир Шаботиќ беа во стартниот состав на овој натпревар, додека во игра во вториот дел влезе и Златко Радески, на овој прв натпревар како дел од развојниот турнир на УЕФА кој се одржува во Бугарија.