Македонската фудбалска репрезентација до 16 години го освои 4.место на меморијалниот турнир „Миљан Миљаниќ“ кој се одржи во Стара Пазова (Србија).
Избраниците на Вујадин Станојковиќ во малото финале беа поразени од репрезентацијата на Р.Ирска со резултат 2:3. Вториот гол за Македонија беше дело на вардаровиот играч, Алтин Алији.
Во стартните 11 за овој натпревар се најдоа Нуман Ајетовиќ, Алтин Алији и Стефан Младеновски, додека во вториот дел во игра влезе и Дарко Сековски.
Во финалето на турнирот ќе играат репрезентациите на Србија и Црна Гора.