На програмата во втората по квалитет кошаркарска сениорска лига во Македонија, викендов ќе се одигра 22.коло односно последното од регуларниот дел од сезоната. Во истото КК Вардар ќе одигра домашен натпревар.
Избраниците на Алексадар Јованчев во оваа 22.рунда се домаќини на тимот на КК Охрид кој доаѓа од истоимениот град. Натпреварот е закажан за недела (17.април, 2022), дуелот кој ќе се игра во малата сала при Спортскиот центар “Кале“ ќе започне во 17-00 часот. Вардар е на 2.позиција на табелата со 35.бода, зад нас со исти скор се и Соколи 1933 и тимот кој игра одлично оваа пролет екипата од Велес, КК Борец Баскет.