Претстојниов викенд на програмата е дербито во 4.коло на младите фудбалски категории. Градско дерби меѓу Вардар и Рабитнички ќе гледаме во ова коло. Сите четири натпревари ќе бидат одиграни во недела, пионерските екипи се домаќини на теренот во Хиподром, додека кадетите и младинците на Вардар ќе гостуваат на Алумина. Натпреварите ќе се играат во термините од 10:00 и 12:00 часот.
Помладите пионери ќе се обидат да се вратат на победите, а триумф против Работнички ќе значи и прво место за избраниците на Саше Божиноски, кои во минатото коло одиграа со нерешен резултат на гостувањето кај екипата на Шкендија. Дерби ќе гледаме и во пионерската Супер лига, каде Работнички е лидер со максимален број на освоени бодови, додека Вардар има четири бодови, па победа ќе значи и искачување во горниот дел на табелата.
Вардаровите кадети ќе се обидат да стигнат до првиот триумф сезонава, додека младинците на Вардар се фаворити на градското младинско дерби. Не очекуваат интересни натпревари, се надеваме на добра игра и позитивен скор после одигрување на ова коло.