Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на ФК Вардар одиграа 1-1 со А.Пандев и не обезбедија место во Куп финалето
Младинците на ФК Вардар одиграа 1-1 со А.Пандев и не обезбедија место во Куп финалето

Младинците на ФК Вардар одиграа 1-1 со А.Пандев и не обезбедија место во Куп финалето

Младинскиот тим на Вардар денес ја одигра втората, реванш  полуфинална средба против екипата на Академија Пандев во рамки на Купот на Република Македонија. На натпреварот одигран во населбата Јане Сандански одигравме нерешено 1-1 (1-1). Ние во овој дуел влеговме со негатива од првиот меч кога  домаќинот однесе триумф над нас  со резултат 2:0 (0-0). Поради ова понатака во финалето место обезбедува екипата од Струмица.

mladinci

Тренерот на црвено-црните младинци, Љупчо Марковски-Калц натпреварот го почна со овој состав: Трајчевски. Б. Тодоровски, Личина, Исмаил, Ричков, Додевски, Димков, Димитровски, Стојчевски, Даци, Најдоски. Играше уште: Колевски.

Натпреварот го почнавме офанзивно со цел да постигнеме ран гол и да тргнеме што порано во анулирање на негативата од првиот натпревар кој се одигра во Струмица пред 8 дена. Нашиот тим  дојде во водство над Академија Пандев во 27. минута. Стрелец на голот беше  Ердон Даци по асистенција  Најдоски. Потоа  Најдоски имаше шанса за нов гол  кога со “ножички“ упати удар кој голманот на нашиот противник успеа да го одбрани. Гостите израмнија во финишот на првиот дел поточно во 44 минута, голот за реми резултат 1-1 го постигна Мишов. Во вториот дел се обидовме да дојдеме до гол за водство, сепак не успеавме.  Прилики за втор гол имаше Даци, кој не успеа да погоди. Покрај него шанси имаа и  Најдоски , Димков и Колевски. Младинците за жал останаа без Куп финале, но за нив продолжува борбата во лигата каде се првопласирани во финишот на сезоната.