Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите обезбедија Куп финале, тие денес со пресврт триумфираа в гости кај ФК Победа
Пионерите обезбедија Куп финале, тие денес со пресврт триумфираа в гости кај ФК Победа

Пионерите обезбедија Куп финале, тие денес со пресврт триумфираа в гости кај ФК Победа

Пионерите на ФК Вардар обезбедија Куп финале, тие денес во Прилеп против  екипа на ФК Победа го одиграа реванш полуфиналниот натпревар на кој триумфираа со 1-2 (1-0). Тие имаа добра предност пред одигрување на овој реванш. Избраните на Сашо Тодоровски на првиот меч одигран на домашен терен победија убедливо со 3:0.

Вардарци на овој дуел стартуваа со следните играчи: Велковски, Радевски, Калчиноски, Пешевски, Димов, Ѓорѓиески,  Филипоски,   Али Адем, Реџепи, Бериша и Битиќи. Играа уште: Стојчевски, Антовски, Стојановски, Благоевиќ, Петковски и Каркалашев.

Натпреварот го почнавме резервирано со доза на предпазливост што ни ја овозможуваше високата предност од Скопје. Имаа двата тима по неколку прилики во првиот период. Ние не ги искористивме своите па домаќините тоа го казнија.  Први поведоа на овој дуел прилепчани  со голот на Трајковски Лука во 17 минута кој погоди за 1-0. Со тој резултат се замина на одмор, и покрај неколкуте прилики во продолжение за црвено-црниот пионерски состав.

Во вториот дел бевме далеку подобри и поефикасни од врсниците од екипата на ФК Пoбеда, ние во овој период дадовме два гола со кои напраивме пресврт. Најпривин    Реџепи Фитор погоди   во 55 минута и донесе изедначивме на резултатот, 1-1. Во продолжение атакувавме на голот на Вурмевски Бојан со цел со триумф да заминеме денес од ова гостување. Па така тоа дојде во 79 минута од натпреварот. Црвено-црните момци погодија  преку Димов Христијан со што поведовме со 1-2 резултат кој не ни донесе триумф и пласман во големото финале од Купот на Република Македонија. До крајот ја контролиравме играта и со овој втор триумф во двомечот закажавме финале, ние истото го обезбедивме со два триумфа со вкупен резултат 5-1 за нас.

Ние со овој пласман обезбедивме прилика да го браниме Куп трофејот во оваа генерација освоен во изминатата сезона, наш противник во финалето е екипата на ФК Работнички.