Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на ФК Вардар со гостинска победа над Кул
Младинците на ФК Вардар со гостинска победа над Кул

Младинците на ФК Вардар со гостинска победа над Кул

Во рамки на 12.коло од младинската лига, а прво оваа пролет гостувавме кај ФК Кул, младинците на ФК Вардар на оваа средба дојдоа до победа со резултат 0-5 (0-0).

rr

Вардар дуелот на „Цементарница“ го започна со овој состав: Илиевски Леонид  ,Ајетовиќ Нуман, Стојилевски Марко (К )Кулуковски Влатко, Здравковски Огнен , Бундалески Максим , Кузмановски Михаил , Стефановиќ Виктор , Здравковски Симеон, Јовановски Филип и Спасиќ Тино.
r4
Првиот дел на овој младински дуел заврши со почетниот резултат 0-0, двата тима не постигнаа гол. Најпрвин имаше закана кон голот на Вардар, нашиот голман  Илиевски Леонид одлично одбрани и не остави на резултатска симетрија. Имавме две прилики за погодок во првиот 45.минути во Кисел Вода, за нас обиди впишаа следните играчи Стефановиќ Виктор и Здравковски Симеон, сепак на одмор се замина со реми.
r
Во вториот дел ги постигнавме сите голови кои донесоа бодови на оваа младинска средба, погодивме четири пати и оставиме победа со резултат 0-5. Прв дуелот со погодок го отвори Кузмановски Михаил во 48.минута, потоа за 2-0 погoди Здравковски Огнен во 52.минута. До крајот стрелаа за нас: Јовановски Филип, Спасиќ Тино и Бундалески Максим.

Во игра влегоа во вториот дел Јаневски Бојан и Стојановски Христијан.