Денес во скопско Марино се одигра дербито во младинската лига помеѓу Вардар како домаќин и гостите од стримица фудбалскиот клуб Академија Пандев. Во дербито на екипите кој се финалисти во младинскиот куп поуспешни беа вардаровите младинци со резултат 1-0 со гол постигнат во првиот период.
Младинците предводени од Љупчо Марковски-Калц први тргнаа во офанзива со цел да поведат рано на овој меч. Почнавме да создаваме шанси пред голот на струмичка Академија Пандев, по неколку полу-шанси прва сериозна шанса кај нас имаше Димков Виктор. Потоа играчите на Академија се обидоа двапати во две минути 7 и 9 да постигнат гол, но пред нив се испречи Трајчевски Филип кој по малиот пад во формата последните неколку мечеви ги брани брилијантно. Црвено-црните повторно ја пренесоа топката во противничката половина во 15 минута Додевски Дарко шутна одлично од двесетина метри под пречка, а голманот на струмичани Ѓоргиевски Димитар со одлична парада исфрла во прв корнер за нас. Во средината на првиот дел целосно ја контролиравме играта, поседот на топка беше на наша страна и ако немавме некој посериозни шанси за одбележување во овој предиод од првиот дел. Во 25 минута гостинскиот играч Радојчиќ упати незгоден удар од 20-25 метра, сепак вардаровиот голман Трајчевски мудро ја прифати топката која одскокна опасно од подлогата. Апостоловски се обиде во 28 минута топката заврши надвор од рамките на голот. Во новиот дуел Радојчиќ-Трајчевски нашиот голман повторно поуспешен, а во напад повторно Апостоловски беше во прилика која не успеаа да ја претвори во погодок за црвено-црните .
Конечно фортуната го посака пргавиот и конкретен Апостоловски Кристијан тој во 32 минута конечно постигна гол, за голема радост на клупата на црвено-црните кој оваа сезона одат со крупни чекори кон титулата. По голот целосна доминација продолжи имавме прилика преку Беќири и Даци кои не успеаа да постигнат погодок, а кај нас Личина игра маестрален меч и командува со целата денес одлична вардарова одбрана. До крајот на првиот дел топката беше во наш посед али без некоја посериозна прилика за одбележување во самиот финиш. Вториот дел донесе мирен почеток , ние влеговме со предност која ни гарантираше обезбедување на нови три бода кои ни е од огромно значење во борбата за титула во оваа младинска конкуренција. мрежите во вториот дел на Трајчевски и струмичкиот голман мируваа, во вториот дел Апостоловски имаше една прилика за нас, а гостите се заканиа двапати безуспешно. Љупчо Марковски – Калц овој меч го почна со следните избраници: Трајчевски, Јошевски, Исмаил, Личина (К), Димков, Додевски , Беќири, Димитровски, Даци, Ричков, Апостоловски.