Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Со 20 голови во противничките мрежи, генер. “2004“ го заокружи четвртиот пролетен турнир во “Јуниор“ лигата
Со 20 голови во противничките мрежи, генер. “2004“ го заокружи четвртиот пролетен турнир во “Јуниор“ лигата

Со 20 голови во противничките мрежи, генер. “2004“ го заокружи четвртиот пролетен турнир во “Јуниор“ лигата

Денес на терените на академијата на фудбалскиот клуб Вардар продолжија натпреварите од “Вардар Јуниор“ лигата. Денес настапија генерациите родени “2003“ и “2004“ година. Активни беа и младите Вардарци, генерација “2004“ година. Тие одиграа два натпревари, против екипите на Еуроспорт и Ново Лисиче и на двата меча победија со идентичен резултат 10:0.

Најпрво силите ги одмеривме со екипата на Еуроспорт од Куманово. Прв во шанса да го отвори резултатот се најде Давид Љушев, кој ја погоди стативата од голот на Еуроспорт. Продолживме со нападите на голот на Кумановчани, што резултираше со два гола на Теодор Перковски, за водство од 2:0. Прв удар и кон голот на Стефан Тасев, кој не дозволи да биде совладан. Перковски имаше нова прилика да го зголеми водството, кој излезе очи во очи со голманот, но овој последниот не дозволи нов погодок во неговата мрежа. Еуроспорт успеа да постигне гол, но за нивна несреќа тоа беше во нивната мрежа, за предност на Вардар од 3:0. До крајот на првиот дел, уште два погодоци во мрежата на противникот. Најпрво Димитар Стоимов зголеми на 4:0, додека Исмет Хајдари зголеми на 5:0. Ова беше прв натпревар за новото засилување на Вардарци, Хајдари беш дел од составот на турнирот “Балканика куп“, на кој се повреди, па мораше да паузира одреден период. Првиот дел заврши со резултат 5:0.

vardarfans akcija

Во вториот дел продолживме да ја полниме мрежата на Еуроспорт. Теодор Перковски дефинитивно имаше свој ден, успевајќи да постигне уште два гола, вкупно четврти за него на овој меч. Во листата на стрелци се запиша и Давид Љушев, Стефан Стојановски, а успешното враќање на теренот со втор погок на овој дуел и за Исмет Хајдари, за конечен резултат 10:0.

Противник на вториот дел во “Јуниор“ лигата за избраниците на Филип Арсовски, беше екипата на ФК Ново Лисиче. Нов убедлив триумф за нашите млади надежи и повторно со резултат од 10:0. Голеадата на овој меч ја отвори Горазд Попов за водство од 1:0. Георг Стојановски имаше убава можност да зголеми, но неговиот удар со глава завршува покрај голот на противникот. Огнен Здравковски во следната акција, погодува за предност од 2:0. на овој натпревар, поради тоа што Ново Лисиче немаше голман, во првото полувреме бранеше Васко Василев, додека во вториот дел ги сменија улогите со Стефан Тасев, кој застана на голот на Н. Лисиче. Вардар продолжи да го напаѓа голот на противникот, што резултираше со погодок за 3:0. Стрелец беше Марио Ричков. Шанси за погодоци имаа Здравковски и Ричков, но нивните удари завршуваат покрај голот. Василев е најзаслужен што во тој период, Ново Лисиче не беше во поголема негатива. Горазд Попов со својот втор погодок го затвори првото полувреме, за резултат 4:0.

vardarfans pobedi vo junior ligata

Уште шест погодоци во противничкаат мрежа во вториот дел. Сандро Каровски стрелаше два пати, уште по еден гол за Горазд Попов и Георг Стојановски, што беше нивни хет-трик на овој меч. Конечниот резултат гласеше 10:0.

Вардарви утре ги очекуваат исто така два натпревари, но во рамките на детската лига. Нивните мечеви започнуваат во 13:00 и 14:00 на терените на ФФМ.