Помладите пионери на фудбалскиот клуб Вардар забележаа важна победа на гостувањето во Струмица, против екипата на Академија Пандев. Оваа генерација триумфираше со минимален резултат од 0:1, што беше доволен за освојување на нови три бода, со кои остануваме и понатаму во израмнета борба за титулата. Стрелец на единствениот погодок беше Виктор Петковски.
Како и што се очекуваше, се играше еден цврст натпревар со многу борба на секој дел од теренот. Две екипи имаа свои периоди на добра игра, со неколку шански, сепак по првото полувреме резултатот остана непроменет 0:0.
Во второто полувреме, црвено-црните беа подобра екипа на теренот и повеќе ја посакуваа победата. Офанзивната игра вроди со плод, кога Виктор Петковски ја погоди мрежата на А. Пандев за голема радост на црвено-црните. До крајот успеавме да го зачуваме водството, а Струмичани речиси и да не создадоа посериозна прилика кон голот на Матеј Андов, кој исто така имаше неколку одлични интервенции. Ова беше важна победа, забележана на едно тешко гостување, бидејќи А. Пандев располага со одлични млади играчи.
Тренерот Сашо Јанев го започна овој натпревар со следниве 11-сетмина: Андов, Бојковски, Апостоловски, Манасиевски, Мирчевски, Астарџиев, Ристески, Петковски, Илиевски, Асенов, Ариф.