Денес на терените на академијата на фудбалскиот клуб Вардар се одигра четвртиот пролетен пролетен турнир во “Вардар Јуниор“ лигата. Свој настап имаше фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2003“ година. Тие одиграа два натпревари, на кои забележаа идентични победи, со резултат 7:0.
Прв противник за избраниците на Ане Андовски беше екипата на Еуроспорт од Куманово. Убедлива игра за младите Вардарци кои доминираа во текот на целиот натпревар. Конечниот резултат гласеше 7:0. По првото полувреме исто така имавме солидно водство од 3:0. Натпреварот со погодок го отвори Дарио Јовановски, до крајот на првиот дел уште два гола во мрежата на противникот. При изведен корнер, најдобро се снајде Филип Ѓорѓиевски кој со нога стрелаше за водство на Вардар од 2:0. Третиот погодок на овој натпревар за предност од 3:0 беше дело на Дамјан Трајковски. Во првото полувреме имавме можност ова водство да го зголемиме. Во шанса се најде Александро Прелоговски кој биеше над голот, на асистенција на Филип Ѓорѓиевски. Дарио Јовановски беше последниот во првиот дел, кој се најде во гол прилика, но неговиот удар исто така заврши над голот.
Во вториот дел продолживме со препознатливата игра, која ни донесе уште четири погодоци, за на крај убедливо да победиме. Стрелци на головите во второто полувреме беа Петре Тасески, Марио Петрушевски, Никола Петковски и Горазд Јордановски.
Оваа генерација до крајот на турнирот одигра уште еден дуел, овој пат противник ни беше тимот на ФК Ново Лисиче. Каоко реприза на првиот натпревар и овој меч го добивме со идентичен резултат, како конечен така и на полувремето. Интересно Дарио Јовановски и на овој меч беше стрелец на првиот гол, за водство од 1:0. На вториот гол не се чекаше многу време, откако во една одлична акција погоди Александро Прелоговски за водство од 2:0. На 3:0 зголеми Влатко Стојановски, што беше резултат по првото полувреме. Добра шанса за зголемување на водството имаше и Дарио Јовановски, но биеше само покрај голот.
Квалитетот беше очигледен на страната на Вардар, кој го покажа и во второто полувреме. Својот прв погодок на овој меч го постигна и Марио Петрушевски, за зголемување на водството од 4:0. Втор гол на овој дуел за Влатко Стојановски, за веќе убедливи 5:0 на овој дуел. При една мешаница во противничкиот голмански простор со рака играше еден од играчите на Ново Лисиче, па судијата оправдано покажа на белата точка. Стрелец на голот беше Никола Петковски за предност од 6:0. До крајот на натпреварот уште еден гол за црвено-црните, дело на Марио Петрушевски, втор за него на овој натпревар.
Нема многу одмор за оваа Вардарова генерација, која утре ги очекува натпревар во детската лига. Својот натпревар ќе го одиграат на терените на ФФМ, со почеток од 16 часот.