Денес во скопската приградска населба Марино се одигра мечот од кадетската лига помеѓу нашиот вардаров кадетски состав и врсниците од стумичкиот тим ФК Академија Пандев. Истиот заврши со резултат 0-0, во меч во кој ние целосно доминиравме. Колев стартуваше со следните играчи: Зибери, Тодоров, Јордановски, Серафимов, Насковски, Менкиновски, Стојчевски, Маркоски (К), Скендерски, Петревски и Трајчевски.
Вардар беше во целосна офанзива уште по почетниот судиски свиреж, напаѓавме со желба рано да отвориме со погодок. Првите две сериозни прилики ги имавме преку Трајчевски Александар и капитенот Маркоски Дејан кои не успеаа да го совладат денес одличниот голман на струмичани Шпиров. Убава шанса имаше и Стојчевски Христијан чии удар голманот на Академија Пандев го исфрли во корнер за нас. Целосно иницијатива на вардарци, струмичани се бранат со “бункер“ нашиот голман Малик Зибери е оставен без работа за разлика од Шпиров кој постојано е под атак на црвено-црните избраници на Колев. Во 33 минута Дамјан Петревски испраќа одличен центар шут до Маркоски , но голманот на Академија во последен момент ја симнува топката од главата на нашиот капитен. Три минути потоа во 36 минута од првиот дел по корна за нас од левата страна карамбол пред голот на стумичани, за жал во таа мешаница топката минува на неколку сантиметри крај десниот директ. Голема шанса за нас и во 40 минута сам со голманот Ристо Шпиров искача нашиот Трајчевски, но струмичанецот повторно брани одлично со пад во нозе ја спасува гостинската екипа. Доминацијата до крај продолжува Трајчевски имаше уште една прилика до крајот при соло пробив, но стумичката одбрана одлично го затвори.
Вториот дел започна како и првиот со наш атак кон голот на Академија Пандев, во 48 минута прв потег од клупата повлекува Колев тој го уфрли Дино Спировски на место на Скендерски Андреј. Голема шанса за Менкиновски кој со глава над гредата шутира по одличен центар-шут од Маркоски од левата страна во 51 минута. Академија се определи на целосна дефанзива и единствено се обидува да ни се заканува од спорадични контра-напади по одземени топки на нивната половина. Голема шанса за нас Маркоски центрира од лево на 10 метри ја прими Трајчевски , но само дел од секунда закасни со ударот и успеаа да изблокираат струмичани. Втора измена кај нас во 63 минута влезе Јахја Абдулхади на место на Менкиновски. А само 4 минути потоа Дишлиевски Оливер влегува на место на Стојчевски Христијан. Струмичани се обидуваат да се ослободат од притискокот и почесто се префрлаат пред нашиот гол, но нивните обиди завршуваат на 20сетина метри од нашиот гол каде целосната наша одбрана денес одлично е поставена и совршено си ги врши зададените задачи од тренерот Колев. Голема прилика за нас по скратен корнер од десната страна во 73 минута, топката повторно заврши крај голот во гужвата што се создаде во противничкиот казнет простор. Трајчевски во 74 минута му го остапи местото на Стоименов Дејан. Во 75 минута главниот судија Стојчевски Игор сосема оправдано поништува гол за гостите поради недозволена офсајт ситуација. Тасески Андреј го заменува Абдулхади кој влезе во вториот дел. Голема шанса за капитенот на црвено-црните во 78 минута , но повторно гостинскиот голман Шпиров поуспешен. Од контра гостите преку Трапановски се заканија, но Малик беше на ниво на задачата и лесно прифати. Последната измена кај нас во 84 Тасески излегува, а го заменува Џуклевски Иво. Во 89 минута голема шанса за Стоименов по центрашут од скратен корнер топката заврши над пречката, а и 2 минути потоа се обиде Дишлевски со глава што беше последна шанса на мечот. Нашите кадети сепак денес не успеаа да го пробијат “бункерот“ на струмичан, но и понатаму продолжуваат со нивната непобедливост оваа фудбалска пролет.
.