Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на ФК Вардар, поразени од Хата на Ѓоко Хаџиевски
Младинците на ФК Вардар, поразени од Хата на Ѓоко Хаџиевски

Младинците на ФК Вардар, поразени од Хата на Ѓоко Хаџиевски

Вчера на стадионот “Билјанини извори„ пријателски натпревар одиграа младинците на ФК Врдар со екипата на Хата од Дубаи, која е предводена од Ѓоко Хаџиевски. Оваа екипа се наоѓа моментално на подготовки во Охрид, што го искористија нашите младинци да одиграат контролен меч. Овој дуел заврши со триумф на противникот од 7:4. По првото полувреме резултатот беше нерешено 1:1. Се играа две полувремиња по 45 минути.

Јахија Абдулхади постигна два гола, додека по еден беа дело на Петар Петковски и Дејан Маркоски. Веќе следниот викенд стартува новата сезона во првенството на младинските фудбалски категории. Младинците кои оваа сезона се преводени од Петар Ѓорѓиевски ја отвараат новата сезона на домашен терен, во дуел против екипата на Ренова.