Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Одбраната на титулата во СЕХА-лигата, започнува на 2-ри септември со дуел против Металург
Одбраната на титулата во СЕХА-лигата, започнува на 2-ри септември со дуел против Металург

Одбраната на титулата во СЕХА-лигата, започнува на 2-ри септември со дуел против Металург

Новата сезона во СЕХА-лигата, екипата на РК Вардар ја отвара на 2-ри септември со градското дерби против екипата на Металург. Натпреварот ќе се одигра во С.Ц. Борис Трајковски, каде тимот од Автокоманда ќе биде домаќин на натпреварите од СЕХА-лигата, со почеток од 17:45 часот.

Да потсетиме дека Вардар е актуелен освојувач на ова натпреварување, кога минатата сезона на завршниот турнир во Брест, во големото финале ја победивме екипата на Веспрем. Минатата сезона издвојувавме две победи, во дуелите со тимот на Металург, од кои едната беше токму во оваа сала, кога славевме минимално со еден гол разлика. Пред почетокот на СЕХА-лигата, црвено-црните ги очекуваат настап на неофицијалното светско клупско првенство, “Супер Глоуб куп“.