Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > „Пирова“ победа за младинскиот состав на ФК Вардар, екипата на Шкендија се пласираше во 1/2 финалето на Купот
„Пирова“ победа за младинскиот состав на ФК Вардар, екипата на Шкендија се пласираше во 1/2 финалето на Купот

„Пирова“ победа за младинскиот состав на ФК Вардар, екипата на Шкендија се пласираше во 1/2 финалето на Купот

Младинците на ФК Вардар славеа на реваншот од 1/4 финалето во Купот на Македонија, сепак „пирова“ победа за младинскиот состав од 2:1, која не ни донесе пласман во следната рунда. На првиот меч одигран во Тетово, славеше Шкендија со резултат 3:1.

Тренерот Филип Ивановски го стартуваше овој меч со следниве 11-сетмина: Андов, Петејчук, Ѓурковски, Манасиевски (c), Величковиќ, Ристовски, Трајановски, Димоски, Хасановиќ, Игнатов, Ибиши

Екипата на Шкендија беше во подредена улога во првото полувреме, црвено-црните имаа голем посед на топка, а имаа можност уште на полувреме да ја анулираат негативата од два гола. Сепак, првата прилика, ја имаше гостинската екипа, но успеа да одбрани Матеј Андов. Кај Вардар, прв се обиде Игнатов, но упати слаб удар кој заврши во рацете на противничкиот голман. Во две ситуации после нафрлена топка од корнер, во прилика се најде капитенот, Филип Манасиевски, во првиот обид беше изблокиран во последен момент од противнички играч, додека во втората ситуација биеше, но одбрани гостинскиот голман. Вардар се обидуваше да го отвори резултатот, а таква можност имавме од белата точка, но сепак не успеавме да реализираме. Во противничкиот шеснаесетник фаулиран беше Ибиши, главниот судија оправдано покажа на белата точка. Топката ја зема Димоски, нашиот играч биеше на левата голманска страна, но сепак голманот на Шкендија го процени ударот, успева да одбрани и да спречи негатива за својот тим.

1

Ние продолживме со офанзивната игра и потрагата по погодок. Се обиде Шкендија од слободен удар, но топката оди над голот на Андов. Се играа последните три минути од првото полувреме, кога Вардар успева да го отвори резултатот. Од десната страна, нафрли топка Игнатов, во противничкиот шеснаесетник се направи мешаница, а најдобро се снајде Малик Хасановиќ кој успева да погоди за предност од 1:0. Овој резултат беше актуелен на полувреме.

Вардар беше подобар противник и во второто полувреме, но сепак Шкендија беше таа која на крајот се радуваше. Првиот директен удар во овој дел од мечот го имаше гостинот, но Андов не дозволи да биде совладан и го одбрани ударот. Црвено-црните имаа две зицер прилики да поведат со 2:0, резултат кој ќе ги носеше во полуфиналето на Купот. Во двете ситуации во шанса за погодок се најде Хасановиќ, но истите останаа без реализација.

3 4

Во второто полувреме направивме три измени, во игра влегоа Омерагиќ, Хасани и Речица. Од својата прва сериозна прилика, Шкендија успеа да погоди и да казни за нашите пропуштени прилики. Голот беше постигнат после нафрлена топка од корнер, еден од противничките играчи беше највисок во скокот и со глава го совлада нашиот голман, што значеше израмнување на 1:1. До крајот на дуелот останаа уште десет минути игра, Вардар не се откажа да направи „чудо“ на мечот. Се играа последните пет минути, кога Азер Омерагиќ постигна гол и ни донесе ново водство од 2:1, но до крајот Шкендија умешно се одбрани и прослави пласман во 1/2 финалето на Купот.

Штета, денес за овој тим на Вардар кој покажа многу повеќе од противникот, но можеби и среќата не беше на наша страна.