Најдобриот тим во Првата македонска фудбалска лига оваа сезона, тимот на Вардар, за пролетниот дел од сезоната и атакот на титулата, ќе се подготвува во Анталија – Турција.
Ова е уште една од низата зимски подготовки кој нашиот тим ќе ги одбработи во топлите краишта на Турција. Сеуште не е дефиниран датумот на заминување, но истиот ќе биде некаде по 17 јануари. Предвидени се и десет дневни подготовки во тренинг кампот на Вардар во Хиподром.
Вардар со натпревари во новата календарска година започнува против тимот на Македонија ЃП на гостински терен. Овој дуел е предвидено да биде одигран на 16 февруари, идната година.