Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Преглед за постигнатото оваа есен на пионерите, момците на Зенга со максимални 27.бода се „Есенски прваци“
Преглед за постигнатото оваа есен на пионерите, момците на Зенга со максимални 27.бода се „Есенски прваци“

Преглед за постигнатото оваа есен на пионерите, момците на Зенга со максимални 27.бода се „Есенски прваци“

Пионерскиот состав на РК Вардар е предводен од Зоран Петковски-Зенга, момците издоминираа во оваа лига и покажаа дека се прв фавориот за титулата во Македонија. По девет кола ние сме максимални, на сите мечеви дојдовме до победа.

Често триумфите беа високи и рано остварени,  на сите девет меча  помеѓу двете полувремиња ние заминувавме со предност на одмор што само дополнително ја покажува доминацијата во играта.  Станува збор за одличен тим, добро селектиран и вкомпониран, со искусен кормилар на клупата. Ова се резултатите постигнати оваа есен во нашата Група-3 во пионерска конкуренција.

z2

1. Вардар-Алушовски 31:13

2. Аеродом-Вардар 14:18

3. Вардар-Шампион 40: 08

4. Металург2- Вардар 14:18

5. Вардар-Ринија 46:05

6. Вардар-Македонија ЃП 33:13

7. Бутел- Вардар 18:27

8. Вардар-КЛ 7 Лазаров 38:16

9. Рисови-Вардар 07:37

Кога сме кај бројките нивната доминација како и кај бодовите е неспорна. Ние го имаме најдобриот напад, црвено-црните момци „решетаа“ оваа есен и погодија 228 пати, или во просек стрелаат 25,35 пати на одигран меч, што е доста висока цифра ако се знае дека во оваа конкуренција се игра 2х20минути. Во одбраната сме одлични, момците се вистински бедем, имаме расположени голмани па примивме само 102 гола, или  на еден меч противниците во просек не совладуваат само 11,35 пати. За илустрација дека имаме најдобри перформанси во оваа категорија ќе ги споредиме нашите се податоците на лидерите на останатите две групи. Во група-2 лидерот РК Младост Богданци има просек 24,50 постигнати гола и 14,50 примени. Во групата-1 лидер е тимот на РШ КЛ7, тие имаат во просек 25,10 дадени голови по меч и 13,50 примени голови по дуел.

z3

На табелата ние сме лидери со максимални 27.бода, неверојатни девет пред „сребрениот“ РК Аеродром и дури 10 во однос на тимот кој е на позицијата број три, екипата на РК Металург-2 има 17.бода оваа есен. Сосема е очекувано некаде по првата половина на пролетниот дел предвремно да прославивем пласман на завршниот Ф-4 турнир.

z4