Раде Стојановиќ и Кирил Атанасовски, кои се селектори на генерацијата ракометари родени 2004 година и помали одбраа 46 играчи кои треба да се појават на првиот собир, кој е закажан на 14.декември во спортската сала во населбата Автокоманда.
Од овие ракометарки ќе се склопува новата младинска ракометна селекција, а бројката ќе опаѓа кога ќе почнат да се играат подготвителни натпревари и турнири. На овој широк список на играчи се најдоа и девет ракометари на Вардар, кои се дел од пионерскиот состав кој е предводен од Зоран Петковски.
Играчите кои добиваат шанса во иднина да бидат дел од македонската репрезентација се Никола Спасовски, Марио Стојановски, Кирил Симоновски, Стефан Ристевски, Андреј Петрушевски, Христијан Петковски, Матеј Трајановски, Александар Стојменов, Георгиј Спасовски,